Прославата се одржа во просториите на Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Скопје. Во присаство на Ректорот на Универзитетот, Деканот на Филолошкиот факултет, Министерот за наука, амбасадорот на Р. Хрватска во Македонија, архиепископот охридски и македонски, академици, професори и научни работници во знак на признание за посебен придонес, развојот и афирмацијата на Институтот за македонска литература на Д-р Јованка Друговац Јоnes и беше доделено специјано признание - плакета.
Д-р Јованка Друговац беше прв директор на Институтот за македонска литература (1999- 2005). Била раководител на научниот проект на Одделението за 20 век, раководител на Одделението за Библиографија и документација при овој Институт.
Од 1999 до 2005 година била член на Ректорската управа при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", Скопје, член на Советот на Семинарот за македонски јазик, литература и култура; во два мандати била раководител на лиетарурните сесии при истоимениот Семинар (во 2001 и во 2002 година).
Во времето на нејзиниот мандат како директор на Институтот за македонска литература Д-р Јованка Друговац Јоnes организирала бројни научни симпозиуми од кои се објавени околу 20 антологии, меѓу кои:
Во мандатниот период Д-р Друговац имаше работни средби со бројни ректори и декани на странските Универзитети и директори на институтите за литература. Како резултат од овие работни средби во името на Институтот за македонска литература Д-р Друговац Јоnеs склучи 6 договори за научна соработка:
Во својство на визитинг професор Д-р Друговац има одржано бројни предавања на македонски јазик од областа на македонската литература, меѓу кои на Филозофскиот факултет во Љубљана, Словенија, Филолошкиот факултет, Белград, Србија, Филозофскиот факултет, Ријека, Хрватска, Филозофскиот факултет, Нови Сад, Србија, Филозофскиот факултет, Ниш, Србија и ткн.
Во историјата на високо ценетиот Универзитет "Иван Франко", Лвов, Украина, Д-р Друговац е првиот професор кој ги има одржано првите предавања за македонската литература на овој Универзитет. Јованка Друговац предавањата ги одржа на македонски јазик. Неколку години беше визитинг професор на овој Универзитет.
Исто така, во овој период Д-р Друговац Јоnes има учествувано на бројни домашни и меѓународни собири на кои преку научните излагања на македонски јазик ја афирмираше македонската литература: Москва- Русија, Лвов -Украина, Трир- Германија, Љубљана- Словенија, Белград -Србија, Ријека-Хрватска и ткн.
Во мандатниот период, на македонски јазик има објавено бројни научни текстови вон Македонија: Загреб-Хрватска, Ријека-Хрватска, Љубљана-Словенија, Лвов-Украина, Киев- Украина, Москва-Русија, Трир-Германија, Франкфурт- Германија, Nеw Yоrк -УСА, Виена- Австрија, Белград-Србија, Нови Сад-Србија, Ниш-Србија и ткн.
Семејството Друговац ја испочитта желбата на уважениот проф.д-р Миодраг Друговац од богатата семејна библиотека да се подарат 1000 книги на институции по одлука на неговите најблиски. Домот за деца без родители од Скопје “11 Октомври” го збогати својот библиотечен фонд за 200 книги од областа на македонската литература за деца, а Институтот за македонска литература во Скопје за прв пат од постоењето доби на подарок книги од една семејна библиотека. Подарени се 440 книги од областа на литературната наука. Исто така, семејството одлучи 460 книги да бидат доделени на децата од Пустец.
Научните работници од Институтот за македонска литература 20 години работеа без услови за работа. Д-р Друговац со помош и подршка на Министерството за наука и тогашниот министер Проф.Д-р Ненад Новковски успеа да го пресели Институтот на нова локација.
Д-р Друговац и Институтот за македонска литература имаа голема подршка од: Филолошкиот факултет "Блаже Конески", Ректоратот на Универзитетот "Св.Кирил Методиј", Министерството за наука, МАНУ, Архивот на МАНУ, Народната библиотека, Друштвото на писателите на Македонија како и од многу видни поединци академици, универзитетски професори, писатели од земјата и од странство на кои Д-р Друговац им благодари.