165 години од раѓањето на Рајко Жинзифов
Јованка Стојановска Друговац
Институт за македонска литература, Скопје,2004
Почитувани дами и годпода
Почитуван Г-дине Благоја Стефановски,
директор на Библиотеката„Браќа Миладиновци„ Скопје
Почитувани гости и колеги
Р А Ј К О Ж И Н З И Ф О В
(165 год. од раѓањето)
Коинциденција, случајност, што ли? Недела посветена на Велес и на Велешани кои се дел од македонската литературна и културна историја. Велес на 9 ноември славеше 60 години на својата слобода, а во него, на истиот тој ден се прославуваше, славеше, чевствуваше, зборуваше и за едно исклучително дело, за еден Велешанец, за Книга на Џинот од акад. Гане Тодоровски. Тој ден, на чардакот на куќата на Џинот, зборував за Џинот. Со чувство те на возбуда те на едно чудно и несекојдневно спокојство, чудна смиреност, стоев на чардакот на кој стоел и тој, Џинот, на чардак со поглед кон планините и кон небото, кој и нему поглед му бил. Стоев и во себе ја кажував Ленка од Рацин, а денес за сите нас и за Рајко Жинзифов , во негова чест, неговиот Гулаб:
Кажи, кажи, о гулабе,
Раскажи им верно пиле,
Че си идеш отвисоко,
Преко мора од далеко.
Почитувани, чест е да се зборува за исклучителни појави, Личности, гордост е тие личности да се дел од една , а наша национална литературе и култура и историја.
Во Велес, во које се родени многу наши видни дејци, на 15 фебруари 1839 година во семејство на лекар се роди Ксенофон. Туѓогласен. Се роди грешниот скитник, како што себеси ќе се нарече Рајко Жинзифов, вредниот Кукушки учител, соработникот на Димитрија Миладинов, собирачот на народни умотворби, борецот за ослободување од грчката духовна власт, журналист кој со статии објавени во рускиот печат го будел интересот во руската средина за состојбата на Словените, публицист, поет ( автор на песните : Питање и одговор, Гулаб, На чуждина, Бесоница, Гуслар во собор, Глас, На Велигден, Млади години, Сам себе си), автор на поемата Крвава кошула, автор на расказот Прошедба, преведувач од руски, украински, чешки, полски, српаки јазик, уредник на сп. Братски труд заедно со македонските и бугарските студенти во Москва, соработник на сп. Блгарски книжници (Цариград), Новоблгарска сбирка ( Москва), Словеник (Прага), Зорница( Браила), Времја (Цариград), Народност (Букурешт), Дунавска зора (Браила), професор по грчки јазик во Лазаревскиот институт, дописен член на Московското етнографско друштво, дописен член на бугарското книжевно дружество во Браила, биограф е на Миладиновци, пријател е на Миладиновци. Седумнаесетгодишниот Рајко Жинзифов стана помошен учител во Прилеп и работи заедно со Димитрија Миладинов. Тоа е времето кога Миладинов, по своето патување по Херцеговина, Босна, Војводина и Белград, има појасно определени задачи како просветител и општественик: да се измести грчкиот наставен јазик од македонските училишта, да се воведе во црквите служба на словенски јазик, а исто, да се одземе црквената власт од рацете на грчките владици во македонските епархии, бидејќи тие со својата политика и влијание пред трурските власти во најголема мера го спречувале националниот развиток.(Рајко Жинзифов, Одбрани творби, приредил Гане Тодоровски, Мисла, Скопје,1981,стр.457) Со својот пријател Димитрија Миладинов учителува во Кукуш во кој преват вистинска тврдина на словенската македонската просвета и народност која зајакнува со доаѓањето на Партенија Зографски за прв домашен владика. Димитрија Миладинов го поттикнува и подржува и потпомага својот пријател и Жинзифов станува студент на Духовната семинарија во Одеса за да со помошта на Константин Миладинов стане студент на Историско филолошкиот факултет во Москва. Пријателува со браќата Миладиновци но пријател е и со Станишев, Марин Дринов, Нешо Бончев, Гербел, Спасович, Иречек, Иван Аксаков и во изданијата на Аксаков води одговорни рубрики. А нашиот прв домашен владика влијае на Жинзифов да се препознае себеси и како поет па макар и како поет со *скромна поетска носивост и под очигледно влијание на поетиката на народната песна и на таа од романтичарската руска поезија *(стр.498) А Жинзифов, тој интимен поетски исповедник за својата поезија ќе каже дека поезијата му е духовна , етичка забава, таа му е разонода. И во бројните писма до Бартенев ( 1861-1865) Жинзифов ќе пишува за себе, за животот свој, за поезијата и, писмата собрани , можат и, се читаат како биографија за Жинзифов, како автобиографија на Жинзифов. И кога 1861 год. станува славна по Зборникот наш, а на/од Миладиновци, во таа година на слава Жинзифов се јавува во рускиот печат со прилози за својата земја. Тој, со душа полна со гнев и љубов, со борбен жар, но раката паѓаше бесилна. Тоа е познатиот лик на човек со богат душевен живот, со искрен жар за правото дело, но без нерв за смела акција, за суровите средства во борбата. Таа хамлетовскла црта тој ја откриваше во себеси. (..) За него беа затворени навистина сите патишта да се врати во својата татковина. Самиот негов темперамент, воспитание, мироглед, го осудуваа да остане далеку од неа и да се задоволи само со перото. Но укорите на неговата борбена совест не го оставаа спокоен.(..) чуивствуваше трагична раздвоеност; не можеше да отиде таму, во огништето на вистинската борба, а не можеше и да си го прости тоа. Така до крајот на неговиот живот се провлекува таа безизлезна негова трагедија, потсилувана и од неговата лична осаменост осаменоста на скитник без рода, како што најчесто се нарекува тој во песните(..) длабоко во себеси ја крие својата лична тага, доверувајќи ја само во своите песни.(464) А песните се еден пат , само од низ и на еден живот на борец и страдалник, од од песна и од од борба, пат од само 38 лета. Животот ги поклопува родениот и смртниот ден - 15 фебруари 1839; 15 фебруари 1877 година.
Др Јованка Друговац
