БИОГРАФИЈА
Јованка Друговац Џонс е родена во Скопје во професорско семејство на Миодраг и Милица Друговац. Нејзиниот татко, Миодраг Друговац Ph.D. бил универзитетски професор, книжевен критичар, книжевен историчар, теоретичар, поет, афирматор на македонската литература вон границите на Македонија, автор на првата Историја на македонската книжевност 20 век, автор над 30 објавени книги, автор на повеќе од 3000 текстови (критика) научни прилози, околу 15-тина необјавени книги: монографии за македонски автори, драми, романи, стихозбирки, Историја на српската книжевност 19-20 век, дневнички записи (1955-1995) и т.н. Во ноември 2011 год. на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, Скопје, под менторство на Венко Андоновски Ph.D. одбранета е докторска дисертација за делото на Миодраг Друговац од м-р Ивица Максимовски. Нејзината мајка, Милица Друговац е професор по книжевност.
На Филолоскиот факултет, Скопје, во рекорден рок, во 6 испитни сесии Јованка Друговац ги завршува студиите на групата “Југословенска книжевност.” По завршувањето на постдипломските студии од областа на македонската книжевност, во 1984 година ја одбрани магистерската дисертација “Книжевното дело на Антон Панов”. Во меѓувреме, како докторанд и беше доделена престижна стипендија од страна на Министерството за образование и наука (Белград) кое додели само 6 стипендии, по една во секоја република во Југославија - на најдобри студенти, магистранти. Во 1992 година, Јованка Друговац ја одбрани докторската дисертација под наслов “Книжевното и научното дело на Д-р Томо Смиљаниќ Брадина” пред комисијата во состав: акад. Гане Тодоровски, акад, Блаже Ристовски, Томислав Тодоровски Ph.D. Георги Сталев Ph.D. Науме Радичевски Ph.D.
Д-р Јованка Друговац била вработена во Републичкиот Архив, Архив на Р. Македонија (1981-1995) каде била началник на “Одделението за стар период,” како и началник и на останатите 9 подрачни архиви во Р.Македонија.
Во 1995 година се вработува во Инстититот за македонска литература, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје и станува нејзин прв директор (1999-2005)
Автор е на:
- 7 книги
- 1 учебник
- приредувач / автор/ коавтор на околу 20 зборници од одржани научни симпозиуми
- 1 поговор во: Миодраг Друговац:Трагачот, честакот и јатката, Мисла, Скопје,1996.
- 1 книга превод: Книга за бамбусот од Владислав Бајац, Магор, Скопје, 2008
Автор е над 200 научни прилози за македонската и српската литература.
Учесник е на повеќе од 30 научни конференции во земјата и во странство.
Организирала околу 20 научни собири /домашни/ меѓународни/ научни симпозиуми во Македонија.
Учесник е во бројни научни проекти во земјава и во странство.
Била главен истражувач, раководител на проект на “Одделението за 20 век” при Институтот за македонска литература, проектот „Прогонот во македонската литература„
Била раководител на “Одделението за Библиографија и документација” при Институтот за македонска литература.
Од 1999 до 2005 година била:
- член на Ректорската управа при Универзитетот Св."Кирил и Методиј",Скопје
- член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура
- раководител / координатор на лиетарурните сесии на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (2002 и 2003)
Била главен и одговорен уредник на научното списание "Спектар"- Скопје (2002)
Д-р Друговац Џонс е визитинг професор на универзитети во странство.
Д-р Друговац, според историјата на Универзитетот “Иван Франко,” Лвов, Украина, е првиот професор кој одржал предавања за македонската литература на овој универзитет. Сите свои предавања на овој Универзитет д-р Друговац ги држеше на македонски јазик.
На 7 Ноември 2011 год. Инстититот за македонска литература, Скопје го одбележа својот јубилеј 30 ГОДИНИ ОД ОСНИВАЊЕТО.
Прославата се одржа во просториите на Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", Скопје. Во присаство на Ректорот на Универзитетот, Деканот на Филолошкиот факултет, Министерот за наука, амбасадорот на Р.Хрватска во Македонија, архиепископот охридски и македонски, академици, професори и научни работници, во знак на признание за посебен придонес, развојот и афирмацијата на Институтот за македонска литература на Д-р Јованка Друговац и беше доделена специјано признание: плакета.
Мажена е.Мајка е на 2 деца.
Живее на Коста дел Сол, (Малага) Шпанија.
