Jovanka Drugovac Jones    D-r po filoloski nauki
Makedonski
English

Царството на зборот / животот и делото на Јован Д. Костовски/

Јованка Стојановска Друговац

Институт за македонска литература,Скопје,2000

Рецензент: Проф. Д-р Слободан Ж. Марковиќ

Царството на зборот / животот и делото на Јован Д. Костовски/ - Carstvoto na zborot (zivotot i deloto na Jovan D. Kostovski) od Jovanka Stojanovska - DrugovacМонографскиот труд Царството на зборот е првиот труд кој интегрално научно го проследува свекупното творештво на Јован Д. Костовски: редактор, етнограф, поет, раскажувач, драмски писател, театарски критичар, ликовен критичар, новинар, преведувач.

Трудот опфаќа 212 стр. поделен на 8 поглавја.

Во првиот дел е предаден животниот пат на Костовски.

Во вториот дел насловен: Книжевно творештво: поезија„ преку направената библиографија на неговата поезија, презентирана е неговата поетсјка дејност преку објавените песни - од првообјавената во 1926 година до последно објавената во 1970 година, како и необјавените песни кои се дел од оставнината. Потоа, повторно преку библиографски преглед се претставени неговите објавени и необјавени стихозбирки.

Во третото поглавје насловено Помеѓу разумот и страста (37- 66стр.) извршена е критичка анализа на неговите песни и стихозбирки.

Четрвртото поглавје (47- 91 стр). ја опфаќа прозата на Косовски: раскази, скици за драми, драматизации, репортажи, преводи и одново по библиографскиот преглед на објавеното и необјавеното прозно творештво следува анализа.

„Театар или огнена машина„ е петтото поглавје (93 -161стр.) во кое е проследена театарската критика на Јован Костовски во период од 50 години - од неговата првообјавена театарска критика во 1928г. до последната во 1978 година. По библиографскиот преглед на оваа критика 1928-1978, авторот на монографијата пооделно се задржува на најзначајните негови критики. Секако, во ова поглавје се зборува за македонската драма и за развојот на нашиот театар и во тој контекст, неизбежно се прават паралели со драмите и театрите од другите културни средини.

„Театар за деца„ е шестото поглавје (163-176стр.) на оваа монографија низ кое се истакнува улогата на Костовски во формирањето и афирмацијата на Театар за деца, Куклен театар и Младинско детски театар.

Преку седмото поглавје (177-190стр.) проследена е критичарската дејност на Костовски како ликовен критичар.

Во последниот дел на оваа монографија предадени се записи за Јован Костовски од Ристо Стефановски и Мишо Китановски.

И на крајот, составен дел од монографијата е користената литература, регистер на личните имиња како и регистер на географските имиња.

Предговор на книгата

Рецензии за книгата

Информации од дневниот печат



Блесок и траење (книжевното и научното дело на Воислав И. Илиќ)

Јованка Стојановска Друговац

Култура, Скопје, 1997

Рецензенти: Академик Блаже Ристовски, Проф.Д-р Георги Сталев

Блесок и траење (книжевното и научното дело на Воислав И. Илиќ) - Blesok i traenje knizevnoto i naucnoto delo na Voislav I. IlicМонографскиот труд Блесок и траење е посветен на животот и книжевното и научното дело на проф. д-р Воислав И. Илиќ, ценет македонист, книжевен историчар, книжевен критичар, есеист, драмски писател, раскажувач, поет, универзитетски професор по македонска литература, наречен прв и најквалификуван македонист на српскохрватското јазично подрачје и афирматор на македонската литература вон границите на Македонија. Разгледано е поетското дело на Илиќ (стихотворби од меѓувоениот период), песните на македонски јазик, песните на српски јазик, повоената поезија; потоа прозното дело (раскази, драми), научното дело, прилози објавени во периодиката и прилози за македонскиот литературен јазик

Јованка Стојановска-Друговац
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет

"Блаже Конески" и Култура, Скопје,1997



БАЈКА НА ЖИВОТОТ (македонската книжевност за деца и младина меѓу двете светски војни)

Јованка Стојановска Друговац

Култура, Институт за македонска литература, Скопје,2000

Рецензенти: Проф. Д-р Георги Сталев, Проф. Д-р Томислав Тодоровски

БАЈКА НА ЖИВОТОТ (македонската книжевност за деца и младина меѓу двете светски војни) - Bajka na Zivotot (makedonskata knizevnost za deca i mladina megu dvete svetski vojni) "Нов, студиозен, научно истражувачки труд, посветен на, речиси, сите позначајни, поважни претставници на оваа составка на македонската литературна историја. Монографскиот осврт на вкупно 18 најистакнати претставници на македонската литература за деца и младина, почнувајќи од творештвото на најстарите двајца претставници на оваа литература кај Македонците – Ј. Х. Џинот преку драмскиот израз и Г. Прличев преку стихот па низ соодветните творби од М. Цепенков, Е.

Спространов, Т. С. Брадина, Н. К. Мајски, В. Иљоски, Н. Ј. Вапцаров, Р. Петковски, В. И. Илиќ, А. Крстиќ, М. Богоевски,Б. Бојаџиски, В. Николески, В. Куноски, Н. Зекманова, В. Наумчевски и С. Јаневски дава различни по обем осврти, третмани што се заедно претставува драгоцен, функционален, инструктивен преглед на тие достојни страници од летописот на македонската подалечна и поблиска книжевна историја." (проф.д-р Томе Саздов)

Во книгата, исто така, преку 6 поглавја се елаборира: Развитокот на книжевноста за деца и ладина; Книжевноста и детето; Името; Родови и видови; Поетика на книжевноста за деца и младина; Критика за книжевноста за деца и младина.

На крајот на оваа монографија дадена е користената литература, користените лични фондови и именскиот регистар.

Предговор на книгата

Рецензии за книгата



Сон (животот и делото на Асен Каваев)

Јованка Друговац

„Дијалог„ Скопје,2004

Рецензент: Проф. Д-р Сава Дамјанов

Сон (животот и делото на Асен Каваев) - Son (Zivotot i deloto na Asen Kavaev)Монографијата Сон е научно дело за животот и книжевното дело на поетот, прозаистот, драматургот и публицистот Асен Каваев.

Книгата донесува досега необјавувани изворни архивски материјали меѓу кои е и автобиографијата на Каваев.

Монографијата (153стр.) е поделена на следните пет поглавја:

  1. Крстот на животот: (животот, биографијата и автобиографијата на Каваев
  2. Книжевно творештво: Поезија: дела на бугарски јазик, напишани во Бугарија; песни објавени во бугарски списанија и весници 1915 1941; необјавени песни на бугарски јазик; песни на македонски јазик; македонски весници во Бугарија во кои соработува Каваев; непечатени дела на бугарски јазик; дела создадени во текот на војната, необјавени; стихозбирки на бугарски јазик; стихозбирки на македонски јазик; поеми на бугарски јазик; поеми на македонски јазик; Проза: раскази на македонски јазик; раскази на бугарски јазик; романи на македонски јазик; драми на македонски јазик, необјавени; драми на македонски јазик, објавени; Други дела.
  3. Во Светиот храм: песни, поеми, стихозбирки
  4. Проза: раскази, драми, оперета
  5. Македонски свадбарски песни, собрал Асен Каваев

Предговор на книгата

Рецензии за книгата

Информации од дневниот печат



Книжевното дело на Антон Панов

Јованка Стојановска

Матица македонска, Скопје 1993

Рецензенти: Aкадемик Гане Тодоровски, Проф. Д-р Тoмислав Тодоровски

Книжевното дело на Антон Панов - Knizevnoto delo na Anton PanovМонографијата Книжевното дело на Антон Панов е студија за животот и делото на авторот на познатото драмско дело „Печалбари„.

Во неа е претставено севкупното објавено и необјавено дело на Панов.

Преку првиот дел Антон Панов, човек и дело (5-25) предаден е неговиот животен пат и првите литературни обиди (поетско и прозно дело).

Во второто поглавје Печалбари (26-78) поместени се следните научни текстови: Печалбарството како појава, Раѓањето на драмата Печалбари, Скица за сценаријум на една балканска драма од македонскиот живот, Кон драмата Печалбари, Драматуршките особености на драмата Печалбари, Критиката за Печалбари, Драмата Печалбари на други јазици и во други уметнучки форми.

Други драми на Антон Панов (79-102) е насловено третото поглавје во кое се анализираат следните негови драми: Стега, Пиликатник, Препородени, Градинар, Среќно семејство.

Предмет на оваа монографија се и преводите, предавањата, текстовите „Театрологија„ и „Перспективни рефлексии„ поместени во Други текстови и преводи на Панов(103-113) како составен дел на четвртото поглавје.

По Заклучокот (114-119), следува Индекс на имиња.(120-126)

Предговор на книгата

Рецензии за книгата



Моја земја (македонски писатели 19 - 20 век)

Јованка Стојановска Друговац

Институт ѕа македонска литература, Скопје, 2001

Рецензенти: Д-р Веле Смилевски, Проф. Д-р Сава Дамјанов

Моја земја (македонски писатели 19 - 20 век) - Moja zemja (makedonskite pisateli 19 - 20 vek) Монографијата на 377 страници опфаќа 23 научни прилога за истакнати дејци од македонскиот книжевен 19 и 20 век. Поделена е на 4 поглавја.

Во првото поглавје (стр.7 -238) насловено Љубов и херојство презентирани се научни прилози за: Константин и Димитрија Миладиновци, Ѓорѓија Пулевски, Димитрија Чуповски, Партенија Зографски, Григор Прличев, Војдан Чернодрински, Анѓелко Крстиќ, Томо Смиљаниќ Брадина, Асен Каваев, Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов, Јован Д. Костовски, Кочо Рацин, Никола Ј. Вапцаров, Ѓорѓи Абациев, Коле Неделковски, Воислав И. Илиќ, Владо Малески, Димитар Митрев, Миодраг Друговац, Блаже Конески.

Второто поглавје ( стр.241 – 263) со наслов Домот на сонот ги опфаќа критичките текстови за некои од делата на Видое Погорец, Ташко Белчев, Љубе Цветановски, Радивое Пешиќ, Блаже Ристовски.

Во третиот дел на книгата Порта ( стр.267 – 353) поместени се библиографии за книжевното и научното дело на Д-р Томо Смиљаниќ Брадина, Проф.д-р Воислав И. Илиќ и Проф. Д-р Миодраг Друговац.

Низ страниците 357 -362, кои го опфаќаат четвртиот дел на оваа монографија, насловен Светлини поместени се фотографии на Димитар Миладинов, Константин Миладинов, Ѓорѓи Пулевски, Димитрија Чуповски, Партенија Зографски, Григор Прличев, Војдан Чернодрински, Анѓелко Крстиќ, Ристо Крле, Васил Иљоски, Антон Панов, Јован Д. Костовски, Кочо Рацин, Никола Јонков Вапцаров, Ѓорѓи Абаџиев, Ванчо Николески, Коле Неделковски, Воислав И. Илиќ, Владо Малески, Димитар Митрев, Миодраг Друговац, Блаже Конески, автори за кои се зборува во оваа книга.

Предговор на книгата



Книжевното и научното дело на Томо Смиљаниќ Брадина

Јованка Стојановска

Матица македонска, Скопје, 1994

Рецензенти: Академик Гане Тодоровски, Проф. Д-р Томислав Тодоровски

Книжевното и научното дело на Томо Смиљаниќ Брадина - Knizevnoto i naucnoto delo na Tomo SmiljanicВо мониографијата Книжевното и научното дело на Томо Смиљаниќ Брадина интегрално е претставено целокупното објавено и необјвено дело на овој: поет, раскажувач, романсиер, драмски писател, есеист, историчар, географ, етнограф,фолклорист, собирач на народни умотворби, прв доктор на науки во Македонија.

Монографијата е поделена на три комплексни поглавја.

Воведот (5- 12) е поделен на два дела: Живот и дело и Во граѓанскиот писателски круг.

Второто поглавје: Книжевно дело (13- 123) претставено е, елаборирано, анализирано севкупното книжевно дело на овој автор: поезијата и прозата: расказите, драмите, романот.

Етнографијата, географијата, фолклористиката, националната историја, националната книжевност се дел од третото поглавје насловено Научно дело (124-170).

На крајот на студијата, по Заклучокот (171-174) даден е Регистар на имињата (175-178)

Предговор на книгата

Рецензии за книгата



Читанка за 3-ћи разред основне школе

Милица Милошевиќ, Миодраг Друговац, Јованка Стојановска Друговац

Просветно дело, Скопје,1998

Читанка за 3-ћи разред основне школе - Citanka za 3-ci razred osnovne skole .