Jovanka Drugovac Jones    D-r po filoloski nauki
Makedonski
English

Сто години од раѓањето на Ристо Крле

Јованка Стојановска - Друговац - Лорета Георгиевска-Јаковлева

Институт за македонска литература, Скопје, 2001

Sto godini od raganjeto Risto Krle - Сто години од раѓањето на Ристо Крле

РИСТО КРЛЕ
Денес ја имам таа чест и особено задоволство да го одржам поздравното слово во чест на два јубилеја поврзани за една личност: 100 години од раѓањето и 25 години од смртта на Ристо Крле.

Ова чествување Институтот за македонска литература го организира под покровителство на Министерството за образование и наука на Р.Македонија и Собранието на Р. Македонија, во соработка и со финансиска подршка на Друштвото на писателите на Македонија.

Институтот за македонска литераура/ одделение за македонска литераура 20 век/ со сета своја сериозност, студиозност, респект и со сета љубов одбележува, оддава почит на оние кои со својот живот и своето дело ја задолжиле и остануваат за навек дел од македонската литераурна историја.: Григор Прличев, Ацо Шопов, Владо Малески... Само два месеци не делат од меѓународниот симпозиум одржан во Струга, во чест на исто така два значајни јубилеи поврзани за едно име: 125 години од раѓањето на Војдан Поп Георгиев Чернодрински и 100 години од објавувањето на неговото импозантно дело Македонска крвава свадба. Неколку месеци не делат од научните собири, исто така, во организација на Институтот за македонска литература, посветени на Кочо Рацин и неговите Бели мугри и од научниот собир посветен на животот и делото на Никола Јонков Вапцаров. Само како најава, во м. Октомври Институтот за македонска литература преку научен симпозиум во Дојран, ќе одбележи уште еден јубилеј: 90 години од раѓањето на Ѓорѓи Абаџиев. Јубилеите поврзани за Ристо Крле: 95 години од раѓањето и 20 години од неговата смрт, не останаа неодбележени од страна на ИМЛ. Во Струга, родниот град на Крле во 1996 година е одржан научен симпозиум посветен на неговиот живот и на неговото дело /научните прилози од овој симпозиум се објавени во Зборник, кој претставува значаен прилог во натамошното расветчлување, толкување и вреднување на драмскиот опус на основоположникот на македонската драмска литература/.

Едно столетие не дели од 3 септември 1900 година кога во Струга во фамилија на чевларски мајстор е роден Ристо Крле. Неговото детство, и животот воопшто, се одвива во тешки животни услови и сложени политички околности. Основно образование и 1 класа гиманзија заврши во 1912 година. Крле ќе чека полни 4 години за да биде ученик во втор клас гимназија. Тоа се случува во времето на Првата светска војна, во 1916 година. По се изгледа дека „ во душата на идниот драмски писател се зацврстуваше еден трескавичен синџир од лузни, на се она што морало да остави забележителни траги како неоствареност и сон на толку поколенија, на востанија и војни, на надежи и разочарувања, па и на една сосема конкретна, негова животна положба, со необезбедена егзистенција, со неисполнети желби од видкругот на своите уметнички мечтаења и амбиции, со прифаќањето на чевларскиот занает како единствена можност да се продолжи таа игра на судбината, впрочем толку карактеристична за македонските писатели, самоуци, да се прифати и продолжи таа трагична, а толку света игра, но и да се има сознание дека конечното нејзино одврзување, нејзиното финале, треба да се отстојува со прометејска решеност во срцето и пролетерска перспектива во лавиринтите на интелектуалните резонирања, на оние писателски бессони ноќи во кои перото на еден Рацин се вклопуваше длабоко до рбетната срж на својата и епохата на еден Крле„ 1)

Името на чевларскиот работник Ристо Крле се поврзува со работата во Монополот, Државната хипотекарна банка, со театарската трупа при КУД „Црни Дрим„ за која ќе рече: „ така во мене се роди амбиција дека и јас би можел да напишам драмско дело„ 2) И навистина, судбината ги склопила сите карти кога како чевлар кај Коли Клими во Подградец ће ја чуе трагичната сторија која ће ја преточи во својот првенец Парите се отепувачка. Печалбарството со сите обележја –социјални, културни и традиционални- е преокупација, дури и основна тема во драмите, романите, раскаѕите и во поеѕијата на македонските автопри међу двете светски војни. Пишувањето на драми, во тоа време е “еден вид национална опсесија” вели Алексиев. Постои една песна од Воислав И. Илиќ посветена не само на печалбарството- какви што се песните од Брадина, Петковски, Стефанов Попиванов,Илиќ/ туку на Крстиќ, Панов, Рацин и Крле:

„Те искажале народната песна, Крстиќевиот „Трајан„
Панов во „Печалбарите„, Крле во „Парите...„
И во „Проштевањето„ Рацин.

Велам: те опишале Крстиќ, Панов,
Крле и Рацин
да ги покажат стапалките и коби
и во врска со тебе да го претресат светов
и виделинава
а ти си антистих, антиприказна и антироман
(само си драма)
и така, пославна не стануваш„

Долги години Крле ќе биде обѕемен од слушнатата прикаѕна ѕа трагедијата во едно семејство: ѕа убиството на синот печалбар. Од сижетната оска на драмскиот ракопис со неговото “литературно реализирање и сценско прикажување ќе поминат уште многу години исполнети со творечки кризи на Ристо Крле, идниот автор на пиестите Антица /1940/ и Милиони маченици /1940/1954/ напишани и изведувани пред Војната како Великден/1950/ и Гроф Миливој /1958/1973/ што беа објавени по ослободувањето../.кај Милион маченици првата дата е праизведба, втората прво објавување, кај Гроф Миливој година е година на печатење, втората праизведба/”. 3) Крле е автор и на Автобиографија.

Мотивот за Парите се отепувачка е чест воп литературите на другите народи. „До колку нам ни е познато, вели Алексиев, освен драмата Парите се отепувачка од Ристо Крле, слични проблеми третира и полскиот писател К.Х. Ростворовски во драмата Изненадувања, иако нивните литературни вредности се сосема различни, зашто пооделните автори кон оваа тема пристапувале со нужниот рафинман или како што е тоа слушај со Ками, тој во неа барал аргументи за својата позната теорија на апсурдот. Кај нас, истиот овој мотив со извесни модификации го обработувал и Васил Иљоски во драмата Чест„. 4)

Кога во 1938 година 27 декември/ во Скопје драмата на Крле доживеа сценска изведба, тука некаде започнува, можеби „ најтешката дилема за изборот на творечкиот пат, кој, сепак, ќе го одреди и со успех ќе го изоди. Во исто време се раѓаат човечките и творечките кризи, искушенијата и двоумењата во човекот и писателот. Двоумењата подразбираа животна пресвртница. Занаетот пренесуван од колено на колено, на крајот, го напушта. Го заменува со најтешкиот литературен род, не знаејќи какви се искушенија ќе му донесе перото. Зачудувачка е пресвртницата, преобтразбата на Крле, од чевларски работник до реномиран драмски писател, Тоа, секако, се должи на талентот, но и на упорноста. Алексиев запиша дека Крле е раскажувач по душаи само на тој начин може да ја објасниме потребата да се фрли чеканот и земе перото„. Крле покажа како поради печалот се руши огништето, се отвора бездна, доминира сениште на искушение, обесчовечен човек, злосторнички акт. И затоа во оваа животна присутна литературна и национална актуелна тема, не постои аргумент со кој би се намалила вината за лакомоста по пари, бидејќи „трагичноста на гротескната игра во Парите се отепувачка е дијаболично сурова„. 5) Но, таква е трагичноста на маедонскиот печалбар, вели Миодраг Друговац. Коле Чашуле вели дека Крле влегува во македонската драма и станува еден од нејзините врвови и столбови, особено во периодот меѓу двете војни , е значаен и поради воспоставување извесен континуитет во развитокот и историјата на македонската литература „создавајќи добри темели за нејзино натамошно развивање, збогатување со нови вредности и афирмирање со автентични национални, социјални и естетски белези во својот жанровски разновиден и се посовремен тоталитет„. Крле, Иљоски и Панов извршиоја и подвиг во афирмацијата на народната традиција, македонскиот фолклор, но и на македонскиот јазик, во време кога е проскрибиран, јазик на кој беа напишани и на сцената поставени нивите први драмски дела.

Драмското дело на Крле не му попречилао во создавањето успешни драмски дела. За разлика од Панов, кој по Печалбари не напиша ни едно позначајно драмско дело, Крле со силата на својот талент ја збогати македонската литература со вредни драмски дела. Во Антица тој како да оди по трагата на имагинацијата тој како да оди по трагата на имагинацијата на народниот пеач и раскажувач, внесувајќи во својот текст нешто од блесокот на таа стара, златна, никогаш непотемнета имагинативна пата на народното искуство, колорит на народната песна и обичаите, мудроста што кај народот со векови се филтрирала како свест за подоброто и убавото, вистинината и чесноста, па и на своето народносно самоосознавање.„ 6)

Книжевно драматуршката способност Крле ја покажа преку Милион маченици. Во овој драмски текст тој е директен во пораката, остар, наместа патетичен, со дијалог како „Огномет на мисловно чувствителното во идејните и емоционалните созвездија на јунаците„ 7)

Драмскиот круг на Крле и почнува и завршува со трагедија. На почетокот е Парите се отепувачка, на крајот, по се изгледа неговото последно дело Невеста пуста девојка / битова драма во 3 чина, 4 слики, 6 верзии, две под наслов Украдено чедо, една од нив е радиоадаптација, една Чедо, две Станка Бакаловска, АМАНУ/.

Годините, децениите, времето работи во полза на Ристо Крле. Дистанцата од времесоздавањето на неговите драмски дела прави „емпириска проверка и селекција„ .8) преку која на виделина остануваат , на површина испливуваат вредностите кои со годините, децениите добиваат во значењето и вредноста. Ристо Крле е историска појавност , „драгоцен бисер„ /како што вели Момировска/ во репертоарот на македонскиот театар, и без него, без Иљоски и Панов, националниот драмски театар не би бил целосен„ и заради показ и доказ на творечкиот уметнички континуитет на македонскиот народ„. 9)

Пред неколку години, во еден текст за Крле, а по повод јубилејот 95 години од раѓањето, Коле Чашуле за Крле зборува како за феномен, но, во исто време се прашува:„ Може ли, воопшто, да се зборува за феноменот Крле, а да не се отвори, претходно, посебна страница за феноменот Струга„. Овој град, како ретко кој град во Македонија, во протек од, безмалку, век и половина е постојано во фокусот на македонскиот интелектуален простум. Простум, кој го карактеризираат, потврдуваат епохални личности„. 10)

Струга и струшко од своите пазуви за навек и за вечна почит ги дадоа Браќата Миладиновци/Димира и Константин/, Војдан Поп Георгиев Чернодрински, Арсениј Јовков, Димитри Кочо, Перо Чакар, Асен Каваев, Анѓелко Крстиќ, Ристо Крле. Струга и струшко не биле заобиколени од политичките влијанија, социјаните, економските услови во кои живеел македонскиот народ во тоа време. Струга го има убавиот Дрим, има градска историја, градски живот, традиција, преданија, легенди кои ги чува и ги пренесува на поколенијата. Крле е дел од таа традиција и тој живот.

Талентиран, амбициозен, упорен, чувствителен, пргав, со забрзан од, конте, животните удари, неправдите ги примаше достоинствено, исправено. На зависта одмолчуваше, и „затоа о доживеа неговите текстови да заживеат на сцена, таму да се отстојуваат себеси/.../ Тој умее да војува шпритаено, со цврста вера дека времето, бездруго, работи на нив. За него. Што се докажа како повеќе од видовито„. 11)

Фусноти:

  1. Миодраг Друговац: Македонската литература од Мисирков до Рацин, “Просветно дело”, Скопје, 1975. стр. 125.
  2. Ристо Крле: Парите се отепувачка, предговор на авторот, “Македонска книга”, Скопје, 1967, стр. 6.
  3. Миодраг Друговац: Македонската литература од Мисирков до Рацин, “Просветно дело”, Скопје, 1975, стр. 126.
  4. Александар Алексиев: Основоположници на македонската драмска литература, „Култура„ Скопје, 1976,стр. 210 -211.
  5. Миодраг Друговац: Историја на македонската книжевност 20 век, „Мисла„ Скопје, 1990, стр.166.
  6. Миодраг Друговац: Македонската литература од Мисирков до Рацин, „Просветно дело„ Скопје, 1975, стр. 139 -140.
  7. Миодраг Друговац: Ибид,стр.144.
  8. Нада Момировска: Ристо Крле живот и дело, Зборник, Струга, 1997,стр. 22.
  9. Ибид.
  10. Коле Чашуле: „Макар и попатно за феноменот Струга и Ристо Крле„ Ристо Крле живот и дело, Зборник, Струга, 1997.стр.142.
  11. Ибид. Стр.146.

Д -р Јованка Друговац