Otpecatoci od vesnici
Во Друштвото на писателите
Вистинска дама
Редовните состаноци во Друштвото на писателите можат да траат и подолго. Но, вистинските професионалци умеат да го истераат состанокот до крај, а вистинските дами умеат сите професионални препреки да ги совладаат со професионалност, шарм и елеганција. Тоа го покажува Јованка Стојановска Друговац од Институтот за македонска литература.
„Нова Македонијас„ Скопје, 6-7 мај 2006

Фоторепортер на дневниот весник „La voce del popolo„ ја направи оваа фотографија на Јованка Друговац Џонс и ја објави на насловната страница, како и на стр.8 во истоимениот весник.
„La voce del popolo„ 30.06.2006г.
ЕДНА ГОДИНА И ЦЕЛ ФАКУЛТЕТ
Јованка Стојановска Друговац постигна вистински рекорд. Можеби и единствен. За само една година ги заврши студиите на Филолошкиот факултет -група југословенска книжевност и тоа со просек 8,48. Накратко, еве како Јованка го постигнала овој успех: во септември 1980 година се запишала на факултетот, а со полагање на испит започнала во фебруари 1981 година, при што дипломирала во фебруари ова година. Вкупно 22 испити, со ниедна пропуштена сесија, односно неположен испит. При ова, треба да се додаде дека Јованка имала слушано шетири семестри и и биле признати два испити од групата за англиски јазик која претходно ја посетувала. Со високиот просек на положените испити таа се здобила со право да полага во секоја сесија, кое право максимално и го искористила. За само 6 (сест) месеци Јованка ги исполозила испитите од сите четири години. Во рекордно време, со добри оценки
Јордан Даниловски
„Нова Македонија“, Скопје, 1981
Д-р Јованка Друговац донираше 1000 книги од библиотеката на нејзиниот татко проф.д-р Миодраг Друговац
Од богатата семејна библиотека на проф.д-р Миодраг Друговац
ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ 1000 КНИГИ
Семејството Друговац , почитувајќи ја желбата на починатиот проф. Миодраг Друговац, одлучи од богатата семејна библиотека да се подарат 1000 книги на повеќе институции.
На Домот за деца без родители “11 Октомври” ке му бидат подарени 200 книги од областа на македонската литература за деца, а на Институтот на македонска литература во Скопје за прв пат од постоењетето му се донираат книги од семејна библиотека и тоа 440 од областа на литературната наука. Според одлуката на семејството на проф.Миодраг Друговац на децата, од селото Пустец, Р. Македонија, ќе им бидат доделени 460 книги.
“Нова Македонија”,Скопје 12 јуни 2001.стр.10
ПОДАРЕНИ 1000 КНИГИ ОД БИБЛИОТЕКАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ДРУГОВАЦ
Семејството Друговац ја испочитта желбата на уважениот проф.д-р Миодраг Друговац од богатата семејна библиотека да се подарат 1000 книги на институции по одлука на неговите најблиски.
Домот за деца без родители од Скопје “11 Октомври” го збогати својот библиотечен фонд за 200 книги од областа на македонската литература за деца, а Институтот за македонска литература во Скопје за прв пат од постоењето доби на подарок книги од една семејна библиотека. Подарени се 440 книги од областа на литературната наука. Исто така, семејството одлучи 460 книги да бидат доделени на децата од Пустец.
Н.П.
„Утрински весник„ Скопје, 12.јуни 2001, стр.16
ПОДАРЕНИ 1000 КНИГИ ОД СЕМЕЈНАТА БИБЛИОТЕКА НА ДРУГОВАЦ
Од богатата семејна библиотека на семејството Друговац, по желба на проф.Миодраг Друговац , подарени се 1000 книги на иснституции по одлука на семејството.
На Домот за деца без родители “11 Октомври” од Скопје подарени се 200 книги од областа на македонската литература за деца, 400 книги од областа на литературната наука подарени се на Институтот за македонска литература во Скопје. Институтот за прв пат од постоењето доби на подарок книги од семејна библиотека . Според одлуката на семејството , 460 книги ке бидат подарени на децата од Пустец.
“Вест”, Скопје, 13 јуни 2001
ДОНАЦИИ
СЕМЕЈСТВОТО ДРУГОВАЦ ПОДАРИ 1000 книги
Семејството на починатиот проф.д-р Миодраг Друговац, почитувајки ја неговата желба, на неколку институции им подари 1000 книги од семејната библиотека. Според одлуката на неговите најблиски 200 книги од областа на македонската литература за деца му се подарени на Домот за деца без родители “11 Октомври” во Скопје, 440 книги од областа на литературната наука како подарок доби Институтот за македонска литература во Скопје, а 460 книги ќе им бидат доделени на децата од Пустец.
Р.Р.Т.
„Вечер“, Скопје, 13 јуни 2001, стр.7
Во Белград и Нови Сад се одржа недела на македонска филологија
На покана на Филолошкиот факултет и Институтот за књижевност и уметност во Белград, како и на Филозофскиот факултет и Институтот за срски јазик и лингвистика во Нови Сад, минатата недела , проф.д-р Људмил Спасов од Филолошкиот факултет Блаже Конески од Скопје и проф.д-р Јованка Стојановска Друговац и проф.д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература одржаа неколку предавања пред професорите и студентите на овие институции. Во рамките на таа посета или недела на македонската филологија, беа потпишани прелиминарни договори за меѓусебна соработка, а беше разговарано и за Македонско-српската научна конференција од областа на јазикот и литературата, која треба да се одржи во втората половина на август, оваа година во Охрид.
На Филозофскиот факултет во Нови Сад, д-р Спасов одржа предавање за историскиот развој на фонолошкиот (гласовниот) систем на македонскиот јазик, а по повод излегувањето на Историска фонологија на македонскиот јазик од Блаже Конески. Истовремено истакна,Спасов, беше предлозено и потпишување на договор за соработка меѓу Филозофскиот факултет од Нови Сад и Филолошкиот факултет “Блаже Конески”.
Др Јованка Друговац во рамките на неделата на македонската филологија на Филолошкиот факултет во Белград одржа две предавања од областа на македонкската литература пред студентите и професорите: “100 години македонска драма од првите нејзини почетоци до најновите објави” и “Најважните личности од македонската литература кои го одбележаа 19 и 20 век”, додека д-р Александар Прокопиев се претстави со предавање за постмодернизмот. Институтот за македонска литература, на Филолошкиот факултет во Белград и Филозофскиот во Нови Сад, рече д-р Друговац им подари голем број на книги, зборници и стручна литература, а се промовирани и најновите издања на овој Институт. Како што рече Друговац, меѓу Институтот за македонска литература и Филозофскиот факултет во Нови Сад предложен е прелиминарен договор за соработка, кој треба да биде официјално потпишан во април оваа година.
Проф.д-р Спасов и д-р Друговац најавиа потпиешување на вакви договори и со филолошките факултети во Загреб и Љубљана, со што ќе се продлабочи и интензивира соработката на научните и високо обрразовни институции во регионот.
Н.Илиевска,
“Нова Македонија”,Скопје,14.03.2002
Извештај од одржана презентација на Д-р Друговац за нови научни проекти
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ НОВИ САД, Србија
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НАУЧНО ИСТРАЖИВАЧКИХ ПРОЈЕКАТА ИЗ ОБЛАСТИ КЊИЖЕВНОСТИ И ЛИНГВИСТИКЕ
УТОРАК 3 ДЕЦЕМБАР 2003 12 ЧАСОВА
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ САЛА БР.30/1
Д-р Јованка Друговац , Институт за македонску литературу, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопље, Македонија
ДВОДНЕВЕН НАУЧНЕН СОБИР ВО МАНУ
Блаже Конески загледан во иднината, нејзин визионер Рече претседателот на МАНУ, Матеја Матевски, отворајќи го првиот меѓународен научен собир посветен на големиот македонски научник и книжевник, на кој присуствуваат 56 еминентни научници од земјава и о странство...
"Со длабока почит кон ликот на Блаже Конески, на својот основач и прв претседател, нејзина прва личност и прва личност на нашата култура и општественост и тогаш и сега, Македонската академија на науките и уметностите го одржува овој научен собир посветен на неговото големо дело по повод 80 годишнината од неговото раѓање", истакна претседателот на МАНУ, Матеја Матевски на вчерашното отворање на Меѓународниот научен собир посветен на животот и делото на големиот македонски книжевник и научник Блаже Конески. Научниот собир насловен "Делото на Блаже Конески - остварување и перспективи" го отвори претседателот на Организациониот одбор, академик Милан Ѓурчинов, а свои обраќања до бројните присутни личости од научниот, културниот и јавниот живот имаа и ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Александар Анчевски, деканот на Филолошкиот факулетет "Блаже Конески", Алекса Поповски и директорките на институтите за македонски јазик Марија Коробар - Белчева и за литература Јованка Стојановска - Друговац.
Академик Матевски во своето уводно обраќање за кое потенцираше дека овојпат не е со научна претензија туку е само искажување на огромна почит кон големиот современик , меѓу другото истакна:"Блаже Конски им припаѓа на оној грст ретки личности, што колку повеќе се одалечуваат во минатото толку повеќе ни се блиски, присутни, современи. Загледани во иднината, визионери нејзини", рече Матевски. Тој истакна дека творештвото на Конески има историски придонес и значење за конституирањето на нашата наука, литература и култура, важни за нас тука и уште повеќе за "афирмацијата во светот на феноменот Македонија, на нашиот јазик, култура и национален идентитет" . По пригодните обраќања Научниот собир продолжи со воведното излагање на академик Миклан Ѓурчинов, насловен "Блаже Конески, стожерна личност - белег на епохата", во кое тој говореше за двете основни области на творештвот на Конески: сферата на филолошките науки,на македонистиката и на неговата книжевна дејност. Со излагањето на академик Ѓурчинов започна и научниот дел од Собирот, двете сесии лингвистичката и литературната каде говореа голем број лингвисти, македонисти и слависти од земјава и од странство. Научниот собир за Блаже Конески продолжува денес со претпладневните и попладневни сесии на кои ќе говорат 20 -ттина научници. (Д.С.)
„Вест„ Скопје,Г.2,Бр.400,11.6.2001.
